Пјер и Даниел Рено од Франција си го исполниле животниот сон, откако за време на необичното, две и пол години долго патување стигнале во Рим.
Посетата на Рим била цел на долгото патување, кое започнало од нивното село Тресеинт во срцето на Бретањ, преку Алпите и долж Апенинскиот полуостров.
Парот кој е во брак веќе 43 години, патот од 2 500 км до Ватикан го поминал пешки.
Двајцата упорни патници биле единствено ослободени од носење на товарот, бидејќи цел пат верно ги следеле нивните магариња Нугатин и Мирабел и кучето Симба.