Владата на Перу остро ја критикувала одлуката на Врховниот суд со која вработените не можат да добијат отказ поради пијанство на работно место.

Уставниот суд наредил домарот Пабло Кајо да биде вратен на работа во зградата на општината Корилијоса, од каде бил отпуштен поради тоа што бил затекнат пијан на работното место.


Судот, кој најавил дека нема да ја преиспитува својата одлука, истакнува дека отказот е претерана мерка, бидејќи Кајо иако бил пијан на работното место, никого не навредил ниту загрозил.

„Поради пијанство отпуштивме 4 работници, од кои двајца беа возачи“ – рекол претседателот на општината Корилијоса.

Како можеме на пијаници да им дозволиме да работат како возачи, кога можат некого да прегазат“ додал претседателот, истакнувајќи дека одлуката на судот е неприфатлива.