Научниците во Перу откриле дека луѓето кои живееле во таа земја пред повеќе од илјада години јаделе пуканки. Пронајдени биле микрофосили од пченка, а нивните карактеристики покажале дека древните луѓе јаделе пченка на неколку начини, вклучувајќи и конзумација на пуканки и пченкарно брашно.


Медиумите пренеле дека во тоа време пченката сеуште не била значаен дел од нивната исхрана, а за прв пат пченка почнала да се одгледува во Мексико пред околу 9000 години, од дивата трева која се нарекувала „теосинте“. Само неколку стотина години после тоа пченката пристигна во Јужна Америка, каде започнала нејзината еволуција во различни видови. Тоа откритие покажало дека пченката станала дел од исхраната на древните цивилизации многу време пред да почне употребата на керамички садови.