Една жена од Перу, која била прогласена за мртва, се разбудила во моментот кога роднините ја ставале во мртовечки сандак.
„Слушав се што се се случуваше околу мене и се молев на Бога да ми помогне“, изјавила 33 годишната Felicita Guizabalo Viera за радио станицата РПП.
Освен тоа, сонувала дека е во друштво на двајца постари мажи облечени во бело, со кои долго одела низ пустина, и на крајот стигнале до место со прекрасна природа.
Таа е мајка на четири деца, и има дијагностициран рак. Кон крајот на претходната недела ги затворила очите, не реагирала на ништо, а телото целосно и се изладило. Докторите ја прогласиле за мртва.
Во меѓувреме „воскреснала“ цврсто на нозе. „Дури и болките ги снема. Тоа е Божјо дело“, изјавила за новинарите.