Откако со чантата ‘2 Jour’ и изгравираните иницијали на своите сопственички пред неколку години буквално ги “зарази“ половината од модната-естрадна сцена, Фенди оваа есен повторно успеа да покрене вистинска мала револуција.
За амбасадорки на својот нов проект, италијанската модна куќа ги избрала вообичаените обожавателки на брендот, Сара Џесика Паркер, Џесика Бел и Кејт Босворт, па на куќната врата им доставила од новите хит модели на чанти, на кои се изгравирани нивните иницијали.
Долгогодишната и неофицијална амбасадорка, Сара Џесика Паркер, набрзо е фотографирана на улиците на Њу Јорк со чантата на Фенди, која од чантите достапни во бутиците се разликува по персонализираниот дизајн.
Чантата која е направена во нејзина чест, буквално ја воодушевила актерката, како и пејачките Лејди Гага и Ријана, кои во јавноста се пофалиле дека влегле во кругот на среќнички на кои Фенди им ги испратил овие персонализирани модели.
Модната куќа Фенди исто така им поделила од споменатите чанти на моделите од нивната последна пролетна ревија, па во јавност веќе имавме прилика да видиме како својата чанта ја комбинира манекенката Ондриа Хардин.
Иако од недела во недела во рацете на славните гледаме се повеќе примероци од овие упадливи чанти, Фенди сеуште нема дадено до знаење дали овие скапи модни додатоци некогаш ќе им бидат достапни на нивните просечни купувачи.