Креаторите на персоналниот “Jetpack” овој вторник изјавија дека нивниот производ е првиот од овој тип кој добил дозвола за лет и набргу ќе започнат со негово тестирање што ќе придонесе тој да биде достапен на пазарот наредната година.

Првите производи кои ќе ја напуштат нивната фабрика ќе бидат наменети за воена употреба и за некои противпожарни служби, а во месеците потоа ќе станат достапни за јавноста.

Цената по која ќе бидат продавани е помеѓу $150,000 и $250,000 долари во првата година, а од компанијата “Martin Aircraft” уверуваат дека таа драстично ќе се намали во наредните години.