Метеорскиот дожд Персеиди деновиве доживува кулминација на небото над Охрид.
Метеорскиот дожд Персеиди се појавува секоја година во август од соѕвездието Персеј. Појавата настанува кога Земјата поминува низ облаци од честички прав оставен од кометата Свифт-Татл. Најмалите честички се со големина на зрно песок. Тие согоруваат во атмосферата на Земјата образувајќи метеорски дожд, кој прво е со голем интензитет, а потоа постепено слабее.
Овој метеорски дожд е активен од 17 јули па сè до 24 август додека максимумот речиси секогаш е на 12 август. Бројот на метеори обично достигнува околу 60 на час.
Фото: А. Момироска