Перо не престанува да ја богати македонската естрада со нови песни. Ова е веќе 10та негова песна, а 5ти видео запис.

Позади оваа динамична и брза песна со емотивни моменти стојат Јован Василески (Музика и Текст), Аранжман Гоце Симоноски. Песната е снимена во студиото на Лазе Цветкоски.

Видеото е снимено на повеќе локации во Охрид, Св.Наум и Маврово под продукција на PROCAM Production. Во спотот на Пандилоски се појавува и познатата манекенка Ангелина Китановска.

Конечно се појави и мојата нова песна заедно со спотот. Задоволен сум од целокупната изработка како пакет. Првпат соработувам со PROCAM и навистина извадивме интересно видео. Се надевам дека публиката ќе ја прифати песната заедно со спотот. Ова е моја 10та песна, полека но сигурно почнувам да размислувам во блиска иднидна да го склопам и моето прво CD (Албум) кое ќе биде како еден потпис на досегашното мое работење. – изјави Перо Пандилоски.

OhridNews