Како единствен кандидат за позицијата Претседател на Македонската кошаркарска федерација и со максимум 27 гласа од присутните членки на Собранието при МКФ, Перо Антиќ е избран за нов Претседател.
- Секако дека сум среќен, но искрено малку ми е и чудно во оваа улога. Веќе реков, мојата идеја е да составам силен тим од спортисти и луѓе од бизнис-секторот и сите заедно да работиме за кревање на кошарката, враќање на оптимизмот кога се говори за овој спорт. Приоритети има многу, од развој на младинската кошарка, до засилување на лигата и враќање на репрезентацијата онаму каде што посакуваме да биде редовен учесник на големите натпреварувања. – меѓудругото истакна новиот предводник на мак-кошарката.
Антиќ на функцијата прв човек на МКФ го смена Петар Наумоски, кој пак претходно го наследи Даниел Димевски.
OhridNews