Центар за култура „Григор Прличев“
Од 15.05.2019 - 20:00 до 15.05.2019 - 21:30
Ученици на охридската гимназија под водство на професорката по македонски јазик Ирена Бачиќ, на 15 и 16 мај, во малата сала при Центарот за култура „Григор Прличев’, ќе ја изведат претставата „Перфектни странци“.
„Перфектни странци“ обработува актуеелна тема на зависност на луѓето, особено младите, од мобилните телефони и модерната технологоија. Пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи… и на тој начин ги откриваат личните тајни, отвoрaјќи болни конфликтни ситуации. Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себе- претставување. Сѐ во име на вистината. По соочување со вистината, следи судир со пост вистината, состојба во која фактите стануваат помалку влијателни отколку што се тоа емоциите и личните убедувања….
Претставата почнува во 20 часот.
Влез: 100 ден.
Број за резервации: 075 453 434.
OhridNews