Мексиканецот Серхио Перез во болидот на Ред Бул ќе стартува од пол – позицијата на денешната трка за Големата награда на Саудиска Арабија што вечерва од 18 часот ќе се вози на патеката во Џеда.
Перез втора година по ред беше најбрз во квалификациите за ГН на Саудиска Арабија, додека неговиот тимски колега и светски првак Макс Ферстапен поради технички проблеми мораше привремено да ги прекине квалификациите и ќе стартува од 15. позиција.
Од првиот ред покрај Перез ќе стартува 41-годишниот Фернандо Алонсо на Астон Мартин, додека Шарл Леклер (Ферари) и покрај второто најбрзо време во квалификациите ќе ја почне трката од 12 позиција поради казната од 10 места.
OhridNews