Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и неговиот колега од Барселона, Жоан Лапорта потпишаа „договор за ненапаѓање“, објави „Marca“.

Челниците усно се договориле дека нема да „ловат“ играчи од ривалскиот клуб за да спречат ситуација во која интересот на конкурентот се користи како аргумент во преговорите за продолжување на договорите.

Исклучок од договорот се фудбалерите на кои им истекуваат договорите. Истиот договор беше постигнат и за играчите на младинските селекции.

На денот на Ел класико во шпанскиот Суперкуп, 12 јануари, имаше информации за интересот на Реал Мадрид за дефанзивецот на Барса Роналд Араухо.

Лапорта, свесен за договорот, се сврте кон Перез, а Флорентино ја демантираше оваа информација.

Во исто време, договорот не се однесува на трансфер целите на двата клуба од други тимови, на пример, напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд.

 

OhridNews