Објавување на одлуката за формирање на Супер лига го размрда фудбалскиот свет. 12 клубови од Италија, Англија и Шпанија формираа Супер лига која ќе биде пандан на Лигата на Шампиони. Првиот човек на Супер лигата, Флорентино Перез изјави дека новиот проект ќе му помогне на фудбалот на секое ниво.

Ќе го однесеме на заслуженото место во светот. Фудбалот е единствениот глобален спорт со фанови од четири милијарди луѓе. Наша одговорност, одговорност на големите клубови е да ги задоволиме потребите на овие луѓе, –  изјави Перез.

УЕФА, денеска, има итен состанок, а првичните најави се дека ќе ги тужи клубовите, кои учествуваа во формирање на Супер лигата. Покрај санкции, УЕФА, од спортскиот арбитражен суд ќе бара паричен надомест во висина од 500 милијарда евра.

Единствени клубови, кои за сега одбија учество во Супер лигата се Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Одговор се чека од Пари Сент Жермен, Порто и Лајпциг.

OhridNews