Запознајте го роботот „Pepper“ кој е во целост социјализиран, а е замисла на францускиот претприемач Брун Масонера, кој во 2005 година заедно со група експерти, ја основал компанијата „Aldebaran“ со една цел – да изгради нов вид на робот за подобрување на човечкиот живот.

Компанијата поседува повеќе од 1.300 подружници и партнери во светот и баш како горди „родители“, тие заедно го произведоа роботот „Pepper“. Развиен во Париз, тој е првиот робот кој ги разбира и реагира на човечките емоции. Како ваш верен сопатник чини повеќе до 10 илјади евра, а доколку ви е потребен како „лојален вработен“, тогаш цената му изнесува околу 20 илјади евра.

„Pepper“ кој наскоро ќе биде лансиран во цела Европа, пред себе има и таблет кој му служи како срце. На телото има три точки, што значи дека може да се движи во сите правци и да избегнува налети на други луѓе со помош на ласери. Тој ги разбира гласовните наредби, но реагира и на допири. Ако го замолите да ви стави чаша вино, тој со задоволство ќе го направи тоа.

Комплексниот софтвер за препознавање му овозможува на овој симпатичен робот да го препознава вашето расположение, гласот, изразот, ставот и јазикот, па така по потреба ќе биде оптимистичен и позитивен.

OhridNews
Извор:Zazabava.com