Пепи Џигероски повеќе не е тренер на ГФК Охрид Лихнидос информираат од клубот. Упатуваат благодарност за соработката и му пожелуваат многу успех и среќа понатака.
До пронаоѓање на решение екипата ќе ја води доскорешниот помошен тренер Александар Толески, велат од ГФК Охрид Лихнидос.
Џигероски го водеше клубот откако истиот спогодбено се раздели со Драган Бочески. Кога дојде на кормилото на „рибарите“ рече дека ГФК Охрид е голем предизвик за него, најави борба и многу работа за резултат кој го очекува спортската јавност во Охрид.
OhridNews