Гостин во Спорт+ на OhridNews е Пепи Џигероски, новиот тренер на ГФК Охрид. Тој од неодамна е на кормилото на „рибарите“, откако клубот спогодбено се раздели со Драган Бочески, по серијата слаби резултати на почетокот од првенството.
Во овој момент најдобра работа е што има пауза од две недели за работа и тука ќе биде ставен акцент на запознавање со екипата, иако добар дел од играчите ги познавам, но едно е да ги познаваш, а друго е од блиску да работиш со нив. Сакам да ги видам нивните карактери, како ќе ја креваме нивната самодоверба и овој период добро ќе ни дојде да тренираме и работиме интензивно за враќање на формата и самодовербата. – изјави Џигероски.
Тој вели дека ГФК Охрид е голем предизвик за него, најави борба и многу работа, која, како што рече, на крај треба да даде резултат кој го очекува спортската јавност во Охрид.
Целиот разговор погледнете го во Спорт +.
Пепи Џигероски гостин во Спорт+
Г. Момироски