Новајлијата во второлигашкото друштво екипата на Велешта имаше успешен почеток победувајќи го Кадино со минимални 1-0 на стартот од сезоната. Тест за квалитетите на Велешта ќе биде средбата со Охрид в недела во 16:30 часот на СРЦ „Билјанини Извори“.

Предводникот на Велешта Пепи Џигероски фаворитската улога му ја доделува на Охрид кој во првата рунда ремизираше со Гостивар 0-0.

Составот на Охрид е благ фаворит пред дуелот со Велешта. Охрид има доста квалитетен и искусен тим и сигурно ќе атакуваат на бодовите. Ние си имаме своја задача и цели и не очекува интересен натпревар. – изјави Џигероски.

Тој додаде дека Велешта се екипира и до крајот на летниот преоден рок ќе доведе уште 3-4 нови фудбалери кои дополнително ќе ја засилат екипата. Најзвучно засилување за Велешта е Алтин Лога кој токму против Охрид ќе дебитира во „црвено црниот“ дрес.

OhridNews
Фото: Архива