Разликата помеѓу второпласираната Лабуништа и третопласираниот Пелистер остана пет бодови, откако двете екипи ремизираа без голови во дербито кое се одигра во 23-та рунда на Градскиот стадион во Струга. Дербито не понуди фудбалска убавина, туку борба на средината од теренот и тактичко надмудрување и не е никакво изненадување што заврши со чисти мрежи.
- Во дербито немаше премногу фудбал, бидејќи влогот беше и се` уште е голем. Втората позиција води во баражот и затоа се бориме ние и Пелистер. Двете екипи повеќе мислевме на сопствениот гол, отколку на противничкиот. Нам и притисокот ни беше противник и неколку ситни повреди и отсуства. Не играше Мики Јовановски кој ни е алка во екипата и искусниот Саше Ѓорески. Нивните замени добро ја исполнија задачата, но нам екипно ни недостасуваше жар и желба за победа. – изјави Пепи Џигероски.
Фудбалерите на Пелистер беа поконкретни, имаа далеку подобри прилики за погодокот од домаќинот но гостински стратег Дарко Крстески не е незадоволен од ремито.
- Можевме да дадеме 2-3 голови, но и можевме да примиме ако фрлевме се на една карта. Покажавме дека можеме да се носиме со екипите кои се над нас на табелата. Не жалам за бодовите, туку за жолтиот картон на Игор Ангелески кој ќе паузира следниот меч. Не очекува пресметка со Струга Трим Лум на домашен терен и ќе дадеме се од себе добро да му се спротиставиме на лидерот во Втората лига. – изјави Крстески.
После комплетирањето на 23-та рунда, Струга Трим Лум е водечки со 49 бодови, а потоа следуваат Лабуништа со 39 и Пелистер со 34 бодови.
OhridNews
Втора МФЛ: Скромно дерби во Струга (фото)
Мартин Стојаноски: Чувствувам поддршка од сите и верувам дека ќе успееме!