Составот на Лабуништа е на чекор од историски пласман помеѓу најдобрите осум во Купот на Македонија победувајќи го Охрид во локалното дерби (2-0) во првиот осминафинален натпревар. Во реваншот кој ќе се одигра следниот месец во Охрид, Лабуништа ќе има задача да ја задржи предноста од првиот меч и завери билетот за четврфиналето.
- Патникот во двомечите од Купот секогаш го одлучува вториот натпревар. Тоа никогаш нема да ни избега од главата. Од победата и резултатот во првиот меч многу сум задоволен и ако ја повториме оваа игра во реваншот сигурен сум дека ќе немаме проблем за пласман во ТОП 8. Екипата е на добар пат. Формата и играта веќе ги имаме а сега ја бараме тимската хемија која не красеше минатата сезона. Нормално е да имаме нешто плус од минатата сезона и нешто минус, но во глобала квалитет е задржан и одиме чекор по чекор во Втората лига. – изјави тренерот на Лабуништа, Пепи Џигероски.
Средбата во Купот на Македонија беше генерална проба за пресметката во Втората лига која ќе се одигра в сабота на СРЦ „Билјанини Извори“.
OhridNews
КУП: Охрид поразен во Струга, Лабуништа пред историски успех