Театарската претстава за деца ” Пепелашка” во режија на Ташко Лаброски повторно се враќа на сцената на Центарот за култура “Григор Прличев”, вечерва од 19 часот.
Вечерашното прикажување на необичната приказна за најспоменуваниот детски лик-Пепелашка ќе биде бесплатно за сите првачиња, најавуваат од Центарот за култура.
Претставата има весела кореографија и е работена по охридска музика. Својата премиера ја доживеа пред завршувањето на минатата учебна година.
Ohridnews