Португалскиот дефанзивец Пепе кој важи за еден од највалканите играчи во фудбалот во голем стил замина од турскиот гигант Бешикташ и сигурно ќе остави траен белег во историјата на клубот.
Имено, Пепе сам побара раскин на договорот, откако турскиот клуб го тресе финансиска криза, а пред заминувањето направил потег за паметење. Португалецот пред да се поздрави од свој џеб им поделил плата на готвачите, лицата кои водат грижа за теренот и лицата со помали примања во клубот.
35-годишниот фудбалер во зимскиот преоден рок како слободен агент може да бара нов клуб во кој ќе ја продолжи богата кариера. Пепе во Бешикташ се пресели минатата сезона после десет сезони поминати во Реал Мадрид.
Во текот на сезона и пол, Пепе дресот на Бешикташ го облекол 52 пати, а постигнал седум голови.
OhridNews