Најавата на Бенфика дека е договорен трансферот на централниот дефанзивец Рубен Диjас во Манчестер Сити за фантастични 65 милиони фунти уште еднаш ја покажа финансиската моќ на поранешниот англиски шампион, но и во исто време немоќта на Пеп Гвардиола да избере вистински човек за одбраната на неговиот тим.
49-годишниот Гвардиола пристигна на „Етихад“ во 2016 година и го трансформираше клубот освојувајќи две титули од Премиер лигата, една од ФА купот и три од англискиот Лига куп, меѓутоа сумата која ја потроши е огромна.
Ако се соберат само одбранбените играчи на Пеп, доаѓа сума од неверојатни 410 милиони фунти кои Шпанецот ги потрошил за ангажман на дефанзивци.
Сите трансфери на Пеп Гвардиола:
Рубен Диаш – 65 милиони фунти
Жоао Кансело – 58.5 милиони фунти
Ајмерик Лапорт – 58.5 милиони фунти
Бенжамин Менди – 52 милиони фунти
Џон Стоунс – 50 милиони фунти
Кајл Вокер – 47 милиони фунти
Нејтан Аке – 41 милиони фунти
Данило – 27 милиони фунти
Анжелино – 11 милиони фунти
OhridNews
Трансфери: Лацио се засили од Олд Трафорд, „граѓаните“ на шопинг во Бенфика