Претстојниот Меѓународен празник на жената 8-ми Март, Активот на пензионерки при здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, го одбележа денска со пригодна свеченост.
Детската група „Развигорче“, пред пензионерките изведе рецитал посветен на мајката, подготвен од наставничката во пензија Ристана Меруџеска-Мојсоска, а свој настап на виолина имаше и ученичката Мила Тотеска од музичкото училиште „Методи Патче“, која издеде концертни дела од Ридинг.
На присутните пензионерки празникот им го честитаа заменик-градоначалникот Ангел Јанев, претседателот на ЗП Ѓорѓи Трпчески и претседателката на Активот на пензионерки Ружа Балеска. Стотината присутни пензионерки на подарок добија рачно изработени честитки и цвеќе.
На свеченоста претседателот на Здружението на пензионери Ѓорѓи Трпчески, на преставниците од општинскиот Црвен крст им врачи донација во облека и обувки, собрана од членките на активот на пензионерки.
OhridNews