Грузиската полиција уапсила жена на 75 години, која копајќи ја пресекла интернет врската помеѓу Грузија и соседна Ерменија, соопштило грузиското министерство за внатрешни работи. Пензионерката копала барајќи метални предмети кои може да ги продаде на отпад, но копајќи го пресекла оптичкиот кабел кој ја пренесувал интернет врската од Ерменија до Грузија, па така голем дел од земјата неколку часа остана без интернет.


Жената била уапсена во селото Ксани, северно од Тбилиси, а била обвинета за нанесување штета на имот, и би можела да биде осудена со казна затвор во траење од три години, а покрај тоа законот предвидува и парична казна или општокорисна работа помеѓу 100 и 180 часа.