Пензиите на сите категории пензионери од јануари годинава се зголемени за 3,5 отсто, одлучи Владата. Парите за зголемените пензии, во висина од милијарда и 140 милиони денари, се обезбедени од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Бидејќи зголемувањето важи од први јануари, и јануарската пензија што ќе се зема во февруари ќе биде зголемена.

Просечната пензија за сите пензионери во 2007 година изнесуваше 7.800 денари. Во 2008-ма порасна на 9.500, а годинава со последното зголемување ќе достигне до 9.800 денари.

Премиерот Никола Груевски вети дека Владата и натаму ќе ја следи состојбата и колку што е можно ќе го координира зголемувањето на пензиите за да се подобри животниот стандард на граѓаните.

Ohridnews