Во рамки на Спогодбата за соработка, претставници на раководствата и на Активите на пензионери од здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и здружението од Струга,вчера,  во излетничкото место во Скребатно организираа заедничко дружење. Дружењето имаше за цел подобро меѓусебно запознавање и размен на мислења и идеи, а истовремено и да се поразговара за тековните активности на двете здруженија.

Иницијативата за заедничко дружење на раководствата на ЗП на Охрид и Струга и на Активите на пензионерките ја поздравија претседателот на ЗП од Струга, Мирко Трпоски,претседателот на Собранието на ЗП д-р Димитар Спасески и секретарот Стефан Владимиров.

Пензионерите од Струга воодушевени од природната убавина и уредениот простор најавија повторна средба и во поголем број на пензионери од Струга и Охрид.

OhridNews