Како што кажа министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, оваа услуга може да ја користат корисниците на старосна, инвалидска и семејна пензија, а предност ќе имаат оние со најмали приходи.
Условите за аплицирање се исти како и минатата година, но како што потенцираше Бајрами, годинава ќе се настојува на бања да заминат оние кои не биле минатата година.
„Минатата година обезбедивме средства за користење на оваа услуга за приближно 10.000 пензионери и интересот од нивна страна беше голем, иако сите не ја искористија ова услуга. Планирани се средства за 6-7 илјади пензионери, но доколку се појави интерес кај поголема бројка, тогаш ќе обезбедиме дополнителни средства“, рече Бајрами.
Бањско-климатската рекреација ќе трае една недела и опфаќа шест полни пансиони, бањска терапија, еден задолжителен здравствен преглед, платени трошоци за превоз.
извор: Makfaks