Британскиот пензионер Питер Бизли започнал во 1979 година да се занимава со археологија и до сега пронашол богатство вредно 560 илјади евра. Овој поранешен ѕидар, кој се пензионирал 2003 година, со помош на детектор за метал ги пребарува полињата во близина на својата куќа во англискиот град Вотерлувил. Дневно копа по шест часа во потрага за артефакти од римскиот и норманскиот период.


Најмногу заработил на римски монети кои во 1996 година ги продал на британскиот музеј за 113 илјади евра. Еден приврзок на римскиот император Цезар го продал за 34 илјади евра, додека на еден прстен од времето на Норманите, која наскоро треба да се најде на аукција, се очекува да заработи околу 90 илјади евра.