Рој Aфрички пчели убијци на смрт избоделе пензиониран полицаец, а неговата сопруга тешко ја повредиле.


Нападот на тие опасни пчели се случил во градот Пуриу во близина на Панама Сити.

Инцидентот започнал кога полицаецот го затресол дрвото на кое биле пчелите, кои потоа него и неговата сопруга ги избоделе повеќе илјади пати.

Нападите на агресивни пчели во Панама не се реткост. Станува збор за мелези од домашни и таканаречени афрички пчели кои во 50-тите години од минатиот век се појавиле во Јужна Америка, од каде брзо се прошириле низ континентот и во средината на Северна Америка.