Септемвриските пензии ќе бидат зголемени за пет проценти, потврди денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на охридскиот регион. 

Тој посочи дека зголемувањето е програмирано во Буџетот. Се уште нема одлука за начинот на зголемување, но најверојатно, според него, ќе има линеарно зголемување што ќе значи 600 до 630 денари повисока пензија.

– Речиси секоја година вршиме зголемување на пензиите. Досега пензиите се зголемени за над 67 проценти, изјави премиерот Груевски во Требеништа, општина Дебарца, каде тој присуствуваше на свеченоста по повод реконструкцијата на локалното училиште.

Притоа тој истакна дека до сега владата  вкупно се реконструираала 350, во тек е реконструкција на уште седум училишта, а тендерска постапка тече за уште 35 училишта. Овие училишта ќе бидат реконструирани до крајот на годината. 

– Во проектот за реконструкција на училиштата во земјава досега се инвестирани над 30 милиони евра, рече Груевски.

OhridNews