„432 Park Avenue“ е адресата на најновиот украс на Њујорк. Една од највисоките стамбени кули во западната хемисфера. Небодерот достигнува 425,5 метри, нуди 104 апартмани на 9150 квадратни метри. Станува збор за многу скапи апартмани во кои доминираат огромни прозорци, со висина од три метри, кои овозможуваат фантастичен поглед на целиот град. Ваков вид уживање ќе имаат само оние со исклучително длабок џеб, спремни да издвојат од 16,95 до 95 милиони долари.

Оваа куча е дизајнирана од страна на Рафаел Виноли, а самата изградба траела три години. Се наоѓа во самиот центар на Менхетн, а горниот пентхаус нуди поглед на сите делови на Њујорк, од Хадсон до Ист Ривер, од Бронкс до Бруклин, и од Централ Парк до Атланскиот Океан. Зградата поседува приватен ресторан со неверојатна тераса, базен со должина од 22 метри, висинки подрум со контрола на климата, детска игротека, соби за одмор, прием, ручање…