Украина доби борбени авиони и делови за авиони за да ги зајакне своите воздухопловни сили соочени со руската инвазија, соопшти Пентагон, одбивајќи да го прецизира бројот и типот на авионите и нивното потекло.
Украинските сили „сега имаат на располагање повеќе борбени авиони со фиксни крила отколку пред две недели“, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.
Тој истакна дека САД „помогнале во транспортот на некои дополнителни резервни делови што им помогнале за потребите на нивните авиони, но не транспортирале цели авиони“, пренесе Бгнес.
OhridNews