Пентагон ќе му ги претстави на американскиот претседател Доналд Трамп сите опции што може да го решат проблемот со Северна Кореја ако продолжи со провокации, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Роберт Менинг. „Ако Северна Кореја не ги прекине провокациите, ќе се погрижиме да му дадеме опции на претседателот, со цел да го решиме проблемот со Пјонгјанг“, рече Менинг.
Пентагон тоа го соопшти кога севернокорејскиот министер за надворешни работи, Ри Џон Хо, рече дека Трамп ѝ објавил војна на неговата земја и дека Пјонгјанг го задржува правото да преземе контрамерки вклучувајќи и уривање на американските стратешки бомбардери, дури и ако тие не се во воздушниот простор на Северна Кореја.
OhridNews
Макфакс