На средбата со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска во Подгорица потпретседателот на САД, Мајк Пенс соопшти дека Република Македонија може да смета на поддршката од САД.
„Ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп е дека САД стои зад Република Македонија и зад регионот во определбите за интеграциите во НАТО“ пренесе потпретседателот Пенс.
Американскиот потпретседател Пенс се интересирал за реализацијата на Планот 3-6-9, при што нагласил дека е од големо значење да се обезбеди владеење на правото во Македонија, соопшти владината прес служба.
За САД, од големо значење се демократските процеси и во делот на борбата против корупцијата, слободни медиуми, витализирање на граѓанското општество, доброто управување.
Општата оценка од Самитот кој заврши предмалку е дека регионот покажува голема меѓусебна солидарност, што ја има поддршката од Соединените Американски Држави, коишто, како што пренесе и потпретседателот Пенс, стојат заедно со Република Македонија и со сите земји членки и набљудувачи на Јадранската група во стабилноста, просперитетот и евро-атлантските интеграции.
OhridNews