Кошаркарскиот клуб АВ Охрид е најактивен на трансфер пазарот во летниот преоден рок. „Галебите“ го потврдија ангажманот на Игор Пенов и Војче Лефковски.
Пенов во охридскиот клуб се преселува од Куманово, додека за Лефковски ова е кам бек во јатото на охриѓани по една успешна сезона мината во Блокотехна.
АВ Охрид претходно ги официјализираше договорите со Данило Мијатовиќ, Марјан Младеновиќ и Адем Меќиќ и новиот тренер Марјан Илиевски. Во периодот кој доаѓа клубот ќе ги обелодени останатите засилувања.
Подготовките за новата сезона „галебите“ ќе ги започнат во втората половина од август месец.
OhridNews