Едно истражување кое го спровеле британските научници од универзитетот во Ридинг покажало дека пенливото вино е добро како за срцето така и за мозокот. Имено, тоа содржи полифеноли, органски молекули кои ги шират крвните садови, но и кои делуваат како антиоксиданси, односно супстанци кои го штитат нашиот организам од оксидациско делување на слободните радикали.
Истражувачите потврдиле и дека консумирањето две чаши црно вино дневно придонесува за намалување на срцевите проблеми. Полифеноли повеќе има во црното отколку во белото вино. Пенливото вино во најголем дел се произведува од црните сорти грозје. Полифеноли освен во алкохолот има уште и во чајот, маслинките, лукот, брокулата, пиперката и боровницата.