Првачињата во германскиот град Есен ќе го паметат првиот ден на училиште по тоа што за добредојде во училниците пронашле пенкала со еротски сликички на нив. Директорот на училиштето изјавил дека пенкалата биле подарок од членовите на комунистичката партија, а тој не знаел за нив се додека не го информирале разлутените родители.
Откако била контактирана партијата, објасниле дека пенкалата биле купени во продавница која ги рекламирала истите и дека не знаеле за содржината на нивните сликички. Германската Комунистичка Партија длабоко жали за немилиот настан, и нивните адвокати работеле на тоа да го пронајдат продавачот кој ги излажал.