Шшшшшшшшш. Ќути…..абре доктори заполти то муцката. Знајш дека реклами ептем многу сакам посебно оние кај шо имет паметна порака и не се селски. Ќут да ја слушнам: “Со ….заборавете на вашата импотентност, замор и неазинтересираност за секс. Со само една таблета дневно вратетего мирот во вашата куќа……глеј глеј докторе како си го гледат глеј кизнајт колкав му се напрај….едноставно со…вашиот пенис ќе бидр тврд, а вашата сопруга само насмеана. Нарачајте …..во следниве десет минути и само за ……денари ви поклонуваме и два тестиси…и не е само тоа пакетот оди и трет тестисот како и тро влакна за истиот. Нарачјте…Penis bonus paxindomus.

Леееееее рекламааааа. А докторе? Виде, виде. Абре кој ја смисли алал даму е. Морат да е некој со два мозоци. Морат. Шо? Е арно де не палардисви ај кажи шо пцујаш, шо тераш све у материну. Како? Аман бре докторе. Не вервев дека еден од најдобрите ортопеди во градов и пошироко ќе се забезекнат од таква вест. Страшна работа.

Разбери море др-е. Не се глупи тие шо на аукција  ја купиле мастиката од Фергусон за 455 000 евра. Глуп е Ферги шо не напрај балон пред да ја продајт и шо не залепи тро појќе лигајнци. Така да среќниот лицитер да мојт тро појќе да уживат во сочноста, а гарант ќе се најдеше некој абдал и три пати повисока цена да понудит. Неможам да те сватам бре ти како ортопед, демек образован да зборвиш вака дека ојде светов у 600-то материне дека се збудалил и све е штракнато. Ар какви не аукции имат по светов и то од кога.

Ти теквит на аукцијата на гашчите на Мадона? Ито два пара беа. Перени и не перени. Па не перените 100 пати повисока цена имаја. Како зш? Абе ти навистинал си бил….Ам знајш ти колку вредит капка бело прање на поп дивата? Ам на нив немаше само капка, господ знајт колку белојни имаше. Плус се продаваа после испеан концерт и гарант имаше бар тро жолтојна од шо се напинаше Мадончето. И знајш шо значит за некого да лицитират за такви гашчина. Ар оди мафни се. Јас тебе не те разбирам, а тие шо купвет вакви работи си се саглам. Ам и тие шо ги организирет лапет парица не бадијала го прает то.

Е ајде де јас и ти ак сакаш да напрајме некоја таква аукција. Сакаш? Ам сега ко может мастики џвакани и гашчи носени да продавет јас и ти зш да не мојме на пример, пример викам, ете аукција на искористени и фрлени кондоми да продаваме. А? Е как не се знаел одма победникот. Ам како да не. Е кој де? Како? Абре види го…каков Латас бре.Jас ти зборвам за гумени кондоми, за оние со вкус на банана, портокал, чоколада…..а не за тие со латасојна.

Ак ти стискат ај. Ќе згрниме пари и да се напрајме….не бре богаташи, какви богаташи, туку обични луѓе за да мојме да возиме коли од над 100 000 еври. Какво Ауди 6 бре. Мафни се. Такви кокошарници возат луѓе ко Мерко. Иди бре бегај не биди смешен. Кола била од 80 000 еври? Ќенеф не виден. Ар остај го ти Мерко, тој незнајт кај е сега, незнајт шо трескат, потпостран е со Аудиот.

Прееска му ѕвонав за трската шо горит и незнам дал тој гореше од температура, не го чепнав на челоно, тој ми викат, не не е вистина, ајвар се прајт, пиперки се печат. Ко вака двогледот  нигде пиперки му викам трски се. Не, ми велит: това се шишковите од припреките така се чадуваат. Пусти Мерче.

А за платформите беше во право во Радожда. Кажа чоекот дека тие биле за селаните и ако ги рушеле моежло да се иселат од селото. Всушност со платформите им се помогвело зш тие живееле од рибарство т.е. се хранеле со риби. И да ти кажам така е. Со твој, а не камоли со свој очи, имам видено дека Радожданци од бебиња се хранет со риба. И то со туна. Данк јадицата и црвот џанг 200 кила туна. Една. Па кашичка за селските бебиња од туна, тунино попарче….како ам. И чим не се рушени ваљда и централната власт ја имат сумено туњевината радожданска иначе ќе беа рушени до сега. Или пак неможат да ги видет платформите.

Можда пак и не гледет дека и Али Пашина Џамија се креват со 50 метарски светилник санким Охрид е Ротердам пак ќе се усидрувет 100 метарски бродој.

А можда ќе е пак и по она старана: Penis bonus во газот на народот pax in domus.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите