Пенелопе Круз се појавила во Лондон на премиерата на филмот ‘The Counselor’. По нејзиното појавување сите останале вчудоневидени од нејзината совршена линија.
Иако во јули го родила своето второ дете, шпанската актерка за само два месеци успеала повторно да изгледа заносно. На премиерата се појавила заедно со својот сопруг Хавиер Бардем, но на црвениот тепих не позирале заедно.