Шпанската актерка Пенелопе Круз импресионира на црвениот тепих во Мадрид каде беше одржано доделувањето на шпанските филмски награди „Фероз“. Црниот фустан на Емануел Унгаро беше полн погодок за 41-годишната актерка Пенелопе Круз, па блескаше на црвениот тепих. Црниот материјал украсен со сјајна чипка делумно ги прекриваше витките нозе на убавата актерка, додека горниот дел го нагласуваше провокативното деколте.
Драматичната шминка ја надополни со дијамантски обетки во облик на ѕвезда, а тие пак одлично се надополнуваа со копчата на чантата со потпис на Роџер Вивиера. Со целиот тој стајлинг, и секси потпетиците на Кристијан Лобутин, Пенелопе ги засени останатите присутни на настанот. Како вистинска дива, сопругата на Хавиер Бардем на фестивалот се појави во бел долг капут кој го соблече пред официјалното фотографирање и предизвика воодушевување кај присутните. Парот ги има синот Леонард и ќерката Луна, но вешто ги кријат од очите на јавноста и никогаш не ги носат на јавни настани.