Пенелопе Круз и Хавиер Бардем на својот син му го дале името Лео. Шпанскиот режисер и пријател на парот, Сантиаго Сегура ги известил новинарите за овој детал сосема случајно за време на интервјуто кое го давал. Актерскиот пар среќни родители станале пред две седмици.


Откако Пенелопе се породила, не сакале веднаш да го откријат полот на детето. Парот се запознал уште 1992 година кога заедно глумеле во филм, а се венчале во тајност минатата година на Карибите каде Пенелопе снимала некој филм.