Актерката Пенелопе Круз самата си ја стрижи косата и прави фризури. На малите фризерски трикови ја научила нејзината мајка додека сеуште била мала. Рекла дека нејзината мајка била фризерка и дека имала сопствен салон, а додека била девојче ја научила на некои фризерски трикови.


Не научила којзнае колку но тоа било сосема доволно за да може да се стрижи, да се фарба и да прави разни фризури. Сето тоа и било многу интересно. Таа додала дека доколку не станела актерка, денес сигурно би работела како фризерка. Рекла дека на својата фризура најмногу време троши пред филмските премиери, кога за да ја направи истата и се потребни по повеќе од два часа.