Шпанската актерка Пенелопе Круз изјавила дека иако е среќно мажена, и понатаму обожава да флертува со претставници од спротивниот пол. Рекла дека сака да флертува како и многу други жени. Уживала во играта на заведувањето. Изјавила дека по раѓањето на нејзиниот син Лео одлучила да ја успори кариерата.


Со години била зависна од работата и стално била уморна. Сега вели дека го променила ритамот и пронашла нова рамнотежа која ја чинела посреќна. Мајчинството, за кое вели дека е револуционерно икуство, во потполност ја променило. На крајот додала дека природата е многу мудра. Ви дава девет месеци да се припремите, но во моментот кога ќе го погледнете лицето на новороденчето, засекогаш сте променети.