Оскаровката Пенелопе Круз се породила во Мадрид и на свет донела девојче, а мајката и ќерката се чувствувале одлично, пренеле светските медиуми. Пенелопе и нејзиниот сопруг Хавиер Бардем веќе го имаат синот Лео кој е роден во јануари 2011 година. Девојчето било родено истиот ден кога војводата и војводката од Кембриџ станале родители, поради што овој настан бил малку споменуван во медиумите.

Актерката претходно изјавувала дека многу ужива во мајчинството. Рекла дека најдобро може да го опише родителството така што ќе каже дека тоа е револуционерно искуство. Сестрата на Пенелопе, актерката Моника Круз, на 14 мај исто така станала мајка.