Актерката Пенелопе Круз (34) наводно сериозно размислува за тоа да посвои бебе од Индија. Таква информација на шпанските медиуми им пренел нејзиниот брат Едуардо.
Тој открива дека Пенелопе се воодушевува од Анџелина Џоли и би сакала да посвои дете како што таа тоа го направила. Тој додава дека сестра му сеуште нема одлучено кога ќе го направи тоа. Шпанката моментално е во среќна врска со колегата Хавиер Бардем (39). Овој пар наскоро би требало да заплови во брачните води.