Со Оскар наградениот пар Пенелопе Круз и Хавиер Бардем го очекуваат своето воторо дете, јавиле медиумите. Весникот „Њујорк пост“ прв известил за бременоста на популарната актерка повикувајќи се на неименуван извор, додека извор близок на парот ја потврдил таа вест. Одприлика таа се наоаѓала во третиот месец од бременоста. Претставниците на парот не ја коментирале оваа вест.

Парот, кој се венчал во 2010 година, во јануари 2011 го добил првото дете, момчето Лео. Ти заедно ќе глумат во филмот на Ридли Скот “The Counselor”, кој би требало во кината да се појави во ноември. Познатата актерка освоила Оскар за споредна улога во филмот „Љубов во Барселона“, додека Бардем бил награден со Оскар во истата категорија за улогата во драмата „Нема земја за старци“.