Пенелопе Круз денес полни 41 година, а сексипил воопшто не и недостига. Таа е шпанска актерка која кариерата ја започна на 18 години. Никогаш не сакала да се занимава со глума, туку со балет, кој го танцувала од седмата година. Добитничка е на бројни награди меѓу кои и Оскар за споредна женска улога во филмот „Љубов во Барселона“. Со тоа стана првата шпанска актерка која ја добила оваа награда.
Доколку некој и кажел дека сопруг, со кој ќе има син, ќе и биде актерот Хавиер Бардем со кој глумела во првиот свој филм „Шунка шунка“, веројатно не би му верувала. Во периодот од 2006 до 2010 година глумела во четири големи филмови и дури тогаш стекна репутација на светска ѕвезда. Тие филмови заработиле огромни суми пари. Во јули 2010 се венча со Бардем, а во јануари следната година добија и син. Иако влезе во петата деценија од животот, актерката сеуште изгледа беспрекорно.