Акетрката Пенелопе Круз ќе стане најстарата Бонд девојка досега. Шпанската актерка која го очекува второто дете со сопругот и колега Хавиер Бардем, почнала да работи на 24 продолжение од филмовите за тајниот агент 007, а наредниот април ќе наполни 40 години.


Извор близок на продукцијата на филмот, чие снимање ќе чини околу 100 милиони фунти, рекол дека Пенелопе Круз е идеална Бонд девојка. Продуцентите и претходно сакале да ја ангажират, но не била слободна поради други обврски. Таа има освоено Оскар за најдобра споредна улога во филмот на Вуди Ален „Вики Кристина Барселона“, а титулата за најстара Бонд девојка ќе ја преземе од Пуси Галор која се нашла во таа улога во 1962 година кога имала 39 години.