Машкото списание „Ескваер“ ја прогласило актерката Пенелопе Круз за најсексипилна жена на светот. Таа е единаесеттата жена на која и е дадена оваа ласкава титула. Претходни добитнички помеѓу останатите биле и Анџелина Џоли, Хали Бери, Ријана, Шарлиз Терон и Скарлет Јохансон. Ѕвездата на многу филмски хитови за списанието рекла дека како тинејџерка и млада жена „ја прилекувала драмата“, но дека сега воопшто не е заинтересирана.
Таа не сакала да зборува за приватниот живот, и одбила за списанието да зборува за својот сопруг, актерот Хавиер Бардем и нивното дете велејќи: „Тоа е наше“. До крајот на годината, во кината стигнуваат два нејзини филмови, шпанскиот „Ма Ма“ и „Гримзби“, во кој игра заедно со Саша Барон Коен.