Гламурозната Пенелопе Круз во средата застана на црвениот ќилим во Мадрид на премиерата на нејзиниот најнов филм насловен „Ма Ма“.

41- годишната актерка го привлече вниманието на јавноста со нејзиниот елегантен фустан од колекцијата на Шанел и одличната фигура со оглед на тоа што се уште важи за една од најзаводливите жени во Холивуд.

Шармантната бринета го надополни својот изглед со деколтето и голите рамења, накитот и високите црни потпетици.

Ова е воедно прв филм во кој Пенелопе се појавува како продуцент и во кој ја има главната улога на шпански јазик после пет години. Таа ја толкува улогата на Магда, жена која боледува од рак на дојката и стапува во врска со фудбалер (Луис Тосар) кој ги има загубено својата жена и ќерка и заедно одлучуваат да го одгледуваат нејзиниот син.

OhridNews

Извор:Dailymail